ЈСП пушти две автобуски линии до Саемот на книгата во СЦ „Борис Трајковски“

од Nikola Popovski
316 прегледи

ЈСП Скопје информира дека од денеска, четврток (4.05.2023 год) до среда (10.05.2023 год), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“ каде се одржува “Саем на книгата 2023”.

Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. Цените на автобуските билети се редовни, според официјалниот ценовник на ЈСП Скопје, како за сите линии.

ЛИНИЈА 100 (Н.Лисиче – СЦ “Борис Трајковски”)

Улица „Февруарски поход“, булевар „В.С.Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

ЛИНИЈА 200 (Дексион – СЦ „Борис Трајковски”)

Улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

ВОЗЕН РЕД

ЛИНИЈА 100
️Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.
️Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

ЛИНИЈА 200
️Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.
️Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

Слични содржини