ЈСП Скопје апелира: Фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“

од Nikola Popovski
38 прегледи

ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска. Ова е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“ за која, како што тврдат од оттаму, не е поврзана со ЈСП „Скопје“.

Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните, нагласуваат од ЈСП Скопје.

Слична лажна промоција имаше и во август кога од претпријатието упатија апел до граѓаните да внимаваат.

Слични содржини