ЈСП Скопје доби субвенции од Градот, автобусите и понатаму ќе сообраќаат

од Nikola Popovski
367 прегледи

Советот на Град Скопје после четиричасовна дебата ја изгласа одлуката за доделување субвенции на ЈСП Скопје за 2023 година.  Како што информира претседавачот со Советот, Трајко Славески, 24 советници гласале „за“, двајца гласале „против“ и немало воздржани.

-Одлуката доби мнозинство и нема потреба сега да правиме паради, кажа Славески откако еден од советниците побара поединечно броење на гласовите во Советот.

Денешната вонредна седница беше на иницијатива на градоначалничката Данела Арсовска. Дел од советниците со реакција до градоначалничката зошто бара итна седница за ЈСП, во кое постојано се влеваат пари на граѓаните а ефекти нема.

Дел од медиумите претходните денови пишуваа дека доколку не се изгласаат субвенциите од 110 милиони денари, може да дојде до колапс на целиот јавен превоз. Со ова, парите ќе им бидат префрлени на ЈСП Скопје и вработените во јавниот превоз ќе добијат плата.

Слични содржини