ЈСП Скопје контра Арсовска: Нема постојан дефект на новите МАН автобуси

од Nikola Popovski
675 прегледи

Категорично ги демантираме тврдењата на кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсоска, дека 7-8 возила од новите МАН се во постојан дефект и дека претпријатието троши повеќе нафта во споредба со минатото, реагираат од ЈСП Скопје.

Според нив, новите еколошки автобуси се во постојана максимална експлоатација и има инцидентни случаеви на нефукционалност како последица на сообраќајни незгоди.

-Истите за погонско гориво употребуваат компресиран природен гас (ЦНГ), поради што имаат значително поголема економска исплатливост, а вкупната потрошувачка на нафта е намалена за 2 тона за ист број изминати километри од пред 4 години.

Одговорно тврдиме дека недомаќинското и криминално работење во ЈСП Скопје е далечно минато, завршено пред 4 години.

Од тогаш веќе приватна фирма на штета на претпријатието не остварува екстра профит од 8 отсто од продажба на билети, не се склучуваат десетгодишни штетни договори со кои надворешноста на автобусите се изнајмува за само 120 евра месечно, претпријатието не се злоупотребува за реконструкции на Милениумски крст, не се инвестира во објекти кои немаат никаква врска со примарната дејност на претпријатието…

Меѓудругото, сегашното раководство освен што се справува со затекнатите, наследени потешкотии, исплаќа и заостанати кредити од 1996 година од Англо-лугослав банк и јапонска донација во висина од 7 милион евра.

Доколку Арсовска подобро се информира, ќе знае дека минатото раководство беше тоа што водеше деструктивни политики и работеше на слабеење на рентабилноста на ЈСП Скопје, се наведува во соопштението на претпријатието.

Слични содржини