290
ЈСП Скопје вечерва информира дека од 18 часот превозот за граѓаните е бесплатен.
-Денеска (27.12.2021 год), од 18 часот користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно за сите граѓани, како една од пакетот мерки на Град Скопје од прв степен за намалување на загадување на воздухот. Превозот ќе биде бесплатен се до наредните препораки, стои во соопштението на ЈСП Скопје.
Претходно Град Скопје, поради зголеменото загадување на воздухот, кое го констатира Министерството за животна средина, усвои низа мерки и препораки ќе се обиде да го намали нивото на штетните ПМ 10-честички во воздухот.