ЈСП: Студентите од утре треба да имаат продолжен билет за 2021 година

од Берта Китинска
170 прегледи

Од утре, четврток сите студенти кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз треба да поседуваат уредно заверен/продолжен билет за 2021 година, соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.

-Во спротивно, во случај на линиска контрола, ќе им биде издаден записник (казна).
Во замена на билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично.Денеска, среда (31.03.2021 год) истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет.ЈСП Скопје заради актуелната ситуација со Ковид 19 излезе во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможи речиси 5 месеци за продолжување на билетот.Во два наврати рокот беше продолжен, наместо до 31 декември, тој се продолжи до 28 февруари, односно до 31 март, соопштија од ЈСП.

Слични содржини