ЈСП утре ја добива донацијата од шест автобуси, најави Меџити

од Nikola Popovski
49 прегледи

Утре Градот Скопје треба да ги добие шесте донирани автобуси од Белград. Ова денеска го најави вицепремиерот и министер за животна средина. Изет Меџити.

Тој исто така истакна дека Владата е пред одлука да купи 100 до 120 електрични автобуси коишто потоа ќе бидат донирани на јавниот транспорт по општините.

Како што информира советничката во Град Скопје, Ирина Витина, шесте еколошки автобуси се резултат на проектот на кој Град Скопје аплицираше до ЕУ, на кој веќе 2 години активно работи секторот за меѓународна соработка а го набавката ја реализира УНОПС. Со овој проект преку поддршката на ЕУ за Град Скопје се обезбедени шест еколошки CNG автобуси, се подигаат урбани зелени појаси со над 3000 дрвја, меѓу кои и во Мега паркот во Карпош каде наскоро ќе се засадат нови 1.000 дрвја, а дополнително се изработува Физибилити студија за проширување на тополоводната мрежа во Скопје.

Кон крајот на минатиот месец, поранешниот директор на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, истакна дека добра вест е оти тоа што е постаро од белградските автобуси „Соларис“ се очекува да биде донирано во Скопје. Воедно, најави дека нови шест автобуси од BMC со мотиви од Град Скопје ќе добие и јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за празникот „13 Ноември“, благодaрение на UNOB (United Nation office in Belgrade).

Производителот на автобусите „Соларис“ е фабрика од Шпанија.

Во Скопје и понатаму има редуциран градски превоз. Дел од приватните превозници почнаа да возат и од утринските часови, иако претходно сообраќаа само во трета смена.

Слични содржини