ЈСП: Важноста на бесплатниот студентски билет ќе може да се продолжи до крајот на февруари

од Nikola Popovski
339 прегледи

Студентите кои имаат годишен билет за бесплатно користење на јавниот превоз во Скопје ќе може да ја продолжат неговата важност до крајот на февруари, 2021 година, соопштија од ЈСП.

„На барање на Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ, ЈСП соопшти дека го продолжува рокот на студентските билети за бесплатно користење на јавниот превоз. Наместо до крајот на годинава, заклучно со 31 декември, како што беше досега, студентите ќе можат своите годишни картички да ги користат и да ја продолжат нивната важност до крајот на февруари 2021 година“, велат од ЈСП.

Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.

Важноста на билетот се продолжува секоја учебна година, при што на студентите кои првпат запишуваат прва година и обезбедуваат (вадат) бесплатен билет, неговата важност автоматски е до крајот на наредната календарска година.

Останатите студенти, важноста на билетот ја продолжуваат со потврда за редовен студент и заверен зимски семестар.

Во однос на бесплатниот превоз за средношколците, од ЈСП соопштија дека за време на зимскиот распуст билетите нема да важат.

„Средношколците од прва година, од почетокот на второто полугодие, јавниот превоз бесплатно ќе можат да го користат само со персонализирана картичка „Скопска“, односно од петок (01.01.201 год) прекинува да им важи времениот хартиен билет“, известија од ЈСП.

Слични содржини