Скопјани нема да останат без јавен превоз информираат од ЈСП „Скопје“ после најавата на вработените дека доколку не добијат плата ќе престанат да ги извршуваат работните обврски.
– Вработените во наредниве денови ќе ја добијат заслужената плата, нема да дозволиме скопјани да останат без јавен превоз. Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП.
Очекуваме дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски за да не се доведе во прашање редовната работа на претпријатието – децидни се од ЈСП „Скопје“.
Вработените предходно најавија дека скопјани можно е наредните денови да останат без јавен превоз бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември.
-Гладни не можеме да возиме или да ги сервисираме возилата, вели Миќо Стојановски претседател на синдикалната организација на ССМ при ЈСП „Скопје“ кој појаснува дека сите синдикати во ЈСП се сложни во одлуката да запрат со својата работа доколку не им се исплатат платите.
-Ни престојат тешки зимски месеци затоа јавно информирам дека бараме од Градот навремено да ни исплаќаат плати. Доколку Градот не најде пари за нас ние нема да возиме во Скопје, децидно вели Стојановски.
Тој појаснува и дека ЈСП од пред извено време ги сревисира возилата и на Пожарната служба и службените возила на Градот.