Јули 2024 година најжешкиот во историјата на Грција

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Грција го имаше најтоплиот јули во својата историја според прелиминарните метеоролошки податоци, објави во понеделникот Атинската опсерваторија, а и претходниот јуни беше рекордно жежок.

Просечната температура се зголемила за 2,5 степени од 1960 до 2024 година, објави Опсерваторијата. Таа изјави дека трите најтопли месец јули во последните 80 години се забележани во последните четири години.

Просечната температура во јули била 0,3 степени над претходниот рекорд од јули 2012 година.

Грција, која пречекува многу туристи во летниот период, беше принудена делумно да го затвори Акропол и другите популарни места во најжешките часови и се соочува со недостиг на вода поради сушата и лошото управување. Јуни беше најтопол од 1960 година и многу денови беа забележани температури далеку над нормалата.

Научниците проценуваат дека климатските промени ги прават екстремните временски настани како топлотните бранови почести, подолги и посилни.

Понеделник, 22 јули, беше најтоплиот ден во светот од 1940 година, кога почнаа пресметките на глобалната температура. Просечната глобална температура тој ден била 17,15 степени, покажуваат податоците на Европската мрежа Коперник. Претходниот рекорд од 17,09 степени на 21 јули траеше само еден ден.

Слични содржини