По истиот „рецепт“ по кој се поддржуваше од странство создавањето на политичкиот имиџ на Белорусинката Светлана Тихановскаја, сега тоа се прави и со Русинката Јулија Навални.
Додека нивните сопрузи се во затвор, западните медиуми и политичари се обидуваат од нив да направат политички фигури. Минатата недела во Москва, околу сто девојки и жени формираа синџир на поддршка за Јулија Навални, додека таа беше во Германија. Тие се собраа околу споменикот на Пушкин и Гончарова на Стариот Арбат.
Јулија пристигна во Франкфурт од Москва на 10 февруари. Ако се оствари прогнозата на политикологот Александар Сосновски, кој тврди дека дури и канцеларката Ангела Меркел ќе ја прими Јулија Навални и дека сопругата на уапсениот опозиционер ќе зборува пред Советот на Европа, тогаш Западот одлучил да ја направи нов лидер на отпорот кон руските власти.
Јулија Навални досега беше нарекувана „прва дама на руската опозиција“, а во иднина би можела да биде лидер на „малата опозиција“, односно на оние партии кои не се застапени во парламентот.
Има и такви кои мислат дека таа може да го победи секој руски политичар, освен Путин.
Сосема е можно таа да се кандидира за пратеник на рускиот парламент, а изборите се веќе следната есен.