Новото невреме донесе заладување во регионот, но во Словенија промената на времето донесе и снег.
Словенечките метеоролози од Агенцијата за заштита на животната средина (АРСО) објавија кадар од камерата снимена на Кредарица, една од планинските области каде падна малку снег.
🌨 Ohladitev nam ni prinesla zgolj številnih neurij, s katerimi smo se spopadali v preteklih dneh, ampak tudi nekaj snežink v visokogorju. Kamera na Kredarici je posnela kratkotrajno snežno ploho. Na najvišji meteorološki postaji je trenutno 1 °C.#trenutnovreme pic.twitter.com/eoOlCzODbT
— ARSO vreme (@meteoSI) July 26, 2023
„Заладувањето ни донесе не само бројни бури со кои се справуваме последните денови, туку и неколку снегулки на планините. Камерата на Кредарица забележа краткотрајни пообилни снежни врнежи. Моментално на највисоката метеоролошка станица е 1 степен Целзиусов“, објави АРСО.
За Словенија вчера важеше жолто метео предупредување поради врнежи или невреме.
Да потсетиме, на 21 јули силно невреме го зафати западниот дел од Словенија, од каде се движеше кон Хрватска и Србија, каде во доцните вечерни часови создаде хаос.
Ова невреме беше од поголеми размери бидејќи зафати голем дел од Словенија, предизвикувајќи поголема штета од претходниот ден.