33
Манчестер Јунајтед сака најмалку 60 милиони евра за напаѓачот Расмус Хојлунд кој е вклучен во трансфер плановите на Јувентус.
Данецот никогаш не можеше да ги оправда големите очекувања откако беше привлечен од Аталанта, додека во исто време „црвените ѓаволи“ се обидуваат да соберат пари за да го ангажираат Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон. Другата цел е Виктор Осимен, кој оваа сезона е позајмен во Галатасарај.
Според Tuttosport, Хојлунд е привлечен и од идејата да игра за Јуве. Италијанците ќе се обидат да го комплетираат трансферот пред почетокот на Светското клупско првенство, но ќе треба да се договорат со Јунајтед за трансфер сумата.
Постои и опција за изнајмување а потоа задолжително купување.