Јунајтед би можел да го договори своето второ засилување уште денес

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Денешниот ден ќе биде клучен за преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Ајакс за трансферот на Лисандро Мартинез. Според Фабрицио Романо, претставниците на двата клуба ќе се сретнат денеска, а „црвените ѓаволи“ се надеваат дека ќе постигнат конечен договор за централниот бек. Ајакс веќе ја одби понудата на Јунајтед за Аргентинецот, за кој конкурира и Арсенал. После тоа, „Олд Трафорд“ се согласи да ја плати сумата од 43 милиони фунти (околу 50 милиони евра) што ја бараше холандскиот клуб.

Во неделата самиот играч побара од клубот да биде продаден што поскоро, а неговата непоколеблива намера е да игра во Премиер лигата. Според Романо, Ајакс е веќе подготвен за договор со Манчестер Јунајтед под споменатите услови, па двата клуба можат да се договорат уште денеска.

Досега 20-кратниот шампион на Англија донесе само едно ново засилување – Тајрел Маласија. Мартинез ќе биде вториот дојдовен трансфер на Ерик тен Хаг.

Сè околу трансферот на Кристијан Ериксен во Манчестер Јунајтед наскоро треба да се финализира. Клубот продолжува со обидите да го земе Франски де Јонг и евентуално Ентони (Ајакс).

Слични содржини