Јунајтед блиску до потпис со Матеус Куња

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Манчестер Јунајтед е блиску до потпишување на договорот со Матео Куња, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Бразилскиот напаѓач се согласи да им се придружи на „Црвените ѓаволи“, кои ќе играат во финалето на Лигата на Европа против Тотенхем во среда. Договорот за личните услови на играчот е во завршна фаза.

Конечните детали од трансферот треба наскоро да бидат договорени меѓу сите страни.

Дваесеткратните шампиони на Англија се подготвени да го купат напаѓачот на Вулверхемптон за 62,5 милиони фунти. 25-годишниот бразилски репрезентативец одигра 31 натпревар во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи 15 гола и запишувајќи 6 асистенции.

Куња е поранешен играч на Атлетико Мадрид, РБ Лајпциг, Херта Берлин и Сион.

Слични содржини