Поранешниот играч на Брентфорд, Брајан Ембеумо, ќе стане новото засилување на Манчестер Јунајтед, кој се согласи да плати 71 милион фунти на лондонскиот клуб.
Клубот од „Олд Трафорд“ понуди 65 милиони фунти фиксна компензација, со дополнителни 6 милиони бонуси.
Јунајтед е заинтересиран да го доведе Мбуемо пред да замине на турнејата во САД во вторник, каде што им претстојат три подготвителни натпревари. Компензацијата ќе се исплати на четири рати.
25-годишниот Мбеумо постигна 20 гола во Премиер лигата минатата сезона.
И други клубови беа заинтересирани за крилниот напаѓач – првенствено Тотенхем, сега предводен од поранешниот тренер на Брентфорд, Томас Франк, и Њукасл – кои Камерунецот ги одби за да се приклучи на Манчестер Јунајтед.
Во текот на минатата сезона, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, постојано истакнуваше дека тимот има проблем со реализацијата на шансите.
Со само 44 постигнати гола во Премиер лигата, тоа беше нивниот најлош настап во домашното првенство од сезоната 1973/74. Тогаш, „ѓаволите“ испаднаа од лигата. Јунајтед веќе ги доведе напаѓачот Матеус Куња и дефанзивецот Диего Леон ова лето.
Аморим има голем број офанзивни играчи на располагање, но впечатокот е дека повеќето од нив не се на ниво на стандардите на поранешниот репрезентативец на Португалија.
Се очекува Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Џејдон Санчо и Ентони да заминат. Меѓу опциите на позицијата десно крило во клубот е Амад Дијало.
Јунајтед ја отвора сезоната на 17 август на „Олд Трафорд“ против Арсенал.