Манчестер Јунајтед е во „пол-позиција“ за потписот на младата ѕвезда на Бенфика, Дарвин Нунез, вели новинарот Николо Шира. Според него, „црвените ѓаволи“ веќе се во преговори со агентот на 22-годишниот уругвајски напаѓач.
Се очекува Манчестер Јунајтед да му понуди на напаѓачот 5-годишен договор, а од Олд Трафорд веќе ја подготвуваат првата понуда до „орлите“ од Лисабон.
Во исто време, уште еден италијански стручњак за трансфер пазарот, Фабрицио Романо, даде дополнителни информации за ситуацијата околу Нунез. Според Романо, Уругваецот на лето ќе ја напушти Бенфика, а сумата за трансфер се очекува да биде околу 80 милиони евра.
Дарвин Нунез моментално е проценет на 40 милиони евра од Transfermarkt. За Бенфика во португалската лига оваа сезона има 24 гола на 24 натпревари, како и 31 гол на 36 натпревари во сите натпреварувања.