Јунајтед го менува тренерот, Холанѓанецот не направи разлика

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Со заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година, на Манчестер Јунајтед никако да му тргне.

Оттогаш дојдоа Дејвид Мојс, Рајан Гигс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер, Мајкл Керик, Ралф Рангник и на крајот Ерик тен Хаг, но титули, барем во Премиер лигата, нема.

ФА Купот беше освоен минатата сезона, но тоа е далеку од остварување на сонот на еден навивач.

И затоа веќе подолго време се шпекулира дека Холанѓанецот Тен Хаг ќе замине во „историјата“.

А најновите резултати само ја поддржуваат таа приказна. Така е и по неделното реми (0:0) со Астон Вила. Со тоа што сега дури се шпекулира кој би бил замената. Англиските медиуми се согласуваат дека Томас Тухел е најверојатниот наследник на Холанѓанецот.

Поранешниот тренер на Челси, Тухел е без клуб откако го напушти Баерн на крајот од минатата сезона. Покрај тоа што го донесе Баерн до полуфиналето на Лигата на шампионите, неговиот тим за малку ја испушти титулата во Бундеслигата, која му припадна на Баер Леверкузен.

Слични содржини