Манчестер Јунајтед и официјално го објави трансферот на Ентони од Ајакс, за кого „црвените ѓаволи“ ќе платат 100 милиони евра, од кои пет во вид на бонуси. Договорот на 22-годишниот Бразилец е до јуни 2027 година со опција за дополнителни 12 месеци. Од „Олд Трафорд“ објавија дека останува само Ентони, кој ги договорил личните услови, да ги помине лекарските прегледи.
Двата клуба ги претворија преговорите за крилниот напаѓач во вистинска трансфер сага, а холандскиот клуб одби неколку понуди од „црвените ѓаволи“ пред двата клуба да се договорат.
Ентони на 134 натпревари за Ајакс и Сао Паоло постигна 31 гол и 27 асистенции. Тој има и девет натпревари за репрезентацијата на Бразил.
Бразилецот станува третиот најскап трансфер во историјата на Манчестер Јунајтед по оние на Пол Погба и Ромелу Лукаку.
An agreement has been reached for the transfer of @Antony00 🤝🔴#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) August 30, 2022