Јунајтед го објави второто ново засилување за два дена

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Манчестер Јунајтед го претстави левиот бек Патрик Доргу како второ ново засилување во зимскиот преоден рок. Данскиот бек пристигнува на „Олд Трафорд“ од италијански Лече за сума од 25 милиони фунти, а уште 4 милиони се вклучени во бонусите. Самиот играч потпиша договор до летото 2030 година со опција за дополнителна сезона.

„Неверојатно сум горд што можам да се наречам играч на Манчестер Јунајтед. Ова е посебен ден за мене и моето семејство“, изјави 20-годишниот Данец за клупската веб-страница. „Едвај чекам да почнам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за тимот и иднината на клубот е навистина возбудлива. Тој има јасен план за развој и чувствувам дека Манчестер Јунајтед е совршено место за реализација на мојот потенцијал и за исполнување на моите амбиции“, рече Доргу.

Вчера Манчестер Јунајтед потпиша и со 18-годишниот дефанзивец на Арсенал, Ејдан Хевен. Во наредните часови се очекува „црвените ѓаволи“ да се разделат со Тајрел Маласија, кој игра на позицијата Доргу.

Слични содржини