Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со Џејден Санчо за сума од 40 милиони фунти, тврди новинарот Сајмон Стоун од Би-Би-Си. 24-годишниот крилен напаѓач втората половина од минатата сезона ја мина како позајмен во Борусија Дортмунд и им помогна на „жолто-црните“ да стигнат до финалето на Лигата на шампионите.
Според информациите, Дортмунд сака да го задржи Англичанецот и следната сезона, но само со нов закуп, а не со сличен постојан мултимилионски трансфер. Сепак, Јунајтед е заинтересиран за целосна продажба за да ги искористи парите во буџетот за новите засилувања, кој без продажба ќе биде ограничен поради финансиските правила во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед го купи Санчо во јули 2021 година за 73 милиони фунти. Тој има договор за уште две години со „црвените ѓаволи“.
Според Стоун, Јунајтед во секој случај ќе се обиде да го продаде Санчо, без разлика кој ќе биде нов менаџер на тимот.