Јунајтед го разби Ливерпул на дебито на Тен Хаг

од Nikola Popovski

Во првиот подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона, на „Century cup“ во Тајланд, Манчестер Јунајтед го победи Ливерпул со 4:0.

Во првиот официјален натпревар на клупата на Јунајтед, Ерик Тен Хаг предводеше исклучително силен тим со Бруно, Санчо и Рашфорд во нападот. Јирген Клоп на натпреварот пристапи сосема спротивно со неколку дебитанти од академијата, како Мејби и Чемберс, а стартери беа Мортон, Карваљо и Елиот.

Јунајтед постигна три гола во првото полувреме, а сите три беа после големи грешки на дефанзивците на Ливерпул.

Стрелци беа Санчо во 12. минута, Фред во 30. минута и Марсијал во 33. минута од натпреварот.

Посебно убав беше голот кој Бразилецот го постигна кога од 16 метри го лобуваше репрезентативниот колега Алисон.

Клоп за 90 минути на теренот извади три различни екипи, Тен Хаг направи неколку измени, а резултатот од тие многубројни промени беше побавно темпо и малку подобро издание на Ливерпул во вториот дел.

Сепак, во 77. минута по контранапад кој започна од Баи, младиот Уругваец Пелистри го постигна својот прв гол во дресот на Јунајтед за конечни 4:0.

Слични содржини