Кариерата на Мејсон Гринвуд, еден од најталентираните фудбалери кој во последните неколку години излегол од младинската школа на Манчестер Јунајтед, би можела да биде завршена пред да започне.
Девојката на Гринвуд, Хариет Робсон објави видео на кое со крваво лице го обвинува напаѓачот на Јунајтед дека физички и сексуално ја малтретирал.
20-годишникот ја замолил да води љубов со него, а откако таа одбила секс, Гринвуд полудел, по што ја претепал.
После објавата, се огласија и од Манчестер Јунајтед. Од клубот соопштија дека фудбалерот е суспендиран, откако полицијата почнала да го испитува случајот.
-Мејсон Гринвуд нема да тренира и нема да игра се до наредно известување. Свесни сме за фотографиите и обвинувањата кои кружат на социјалните мрежи. Нема да коментираме ништо во иднина додека не ги добиеме сите информации. Манчестер Јунајтед не одобрува никаков вид на насилство, додаваат од клубот.
⛔ Warning This is the disturbing video alleging that Manchester United's Mason Greenwood abused his girlfriend…. pic.twitter.com/C2Kt87FUYH
— Gerard Delaney (@Gerard39delaney) January 30, 2022