Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед денеска го отпушти од тренерската позиција Оле Гунар Солскјер, откако клубот забележа пет порази во последните седум натпревари од Премиер лигата.
„Оле секогаш ќе биде легенда на Манчестер Јунајтед и со жалење донесовме толку тешка одлука“, се вели во соопштението на клубот.
Норвешкиот стручњак го води Јунајтед од декември 2018 година, а минатата сезона со клубот го играше финалето на Лига Европа против Виљареал.
Солскјер претходно играше за Јунајтед од 1996 до 2007 година.
Привремена замена на клупата ќе биде поранешниот играч на Јунајтед, Мајкл Керик, кој првиот меч ќе го има на гостувањето кај Виљареал, во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Јунајтед во изминатиот период беше поразен од Ливерпул (0:5), Манчестер Сити (0:2), а во саботата беше декласиран од Вотфорд (1:4).
Клубот од Манчестер се наоѓа на седмото место во Премиер лигата со 17 бодови.