Јунајтед и официјално ја најави разделбата со Погба

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Францускиот играч за врска, Пол Погба го завршува својот престој во Манчестер Јунајтед на крајот на јуни, кога му истекува договорот, соопшти англискиот фудбалски клуб.

29-годишниот играч за врска по втор пат се разделува со тимот. Првиот пат беше во 2012 година, кога како слободен играч се пресели во Јувентус. Во 2016 година Манчестер Јунајтед го купи за сума од 90 милиони фунти, но сега повторно му истекува договорот и си заминува.

Погба, кој е дете на францускиот Авр, го заврши вториот престој на „Олд Трафорд“ со 39 гола на 226 натпревари. За шест години од неговото враќање, еднаш го освои ФА Купот и еднаш Лигата на Европа.

Според пишувањата на медиумите во Западна Европа, најсериозен интерес за услугите на Погба имаат Јувентус и францускиот шампион Пари Сен Жермен.

Слични содржини