Јунајтед и Сити даваат 60 милиони евра за дефанзивец на Баерн

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Џером Боатенг е силно посакуван од двата гиганти од Манчестер, информира весникот „Сан“.

Германскиот репрезентативец, кој премина на „Алијанц Арена“ од Манчестер Сити во 2011 година, е миленик на менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Материјалот вели дека Боатенг може да се земе за 60 милиони евра. Во наредните недели, агентот на играчот се очекува да започне разговор со претставници на Јунајтед и Сити.

Договорот на Боатенг истекува во 2021 година, но тој самиот неколку пати посочи дека може да заигра повторно во странство. Но, многу е веројатно дека раководството на баварскиот колос ќе објави дека е не се продава.

Слични содржини