Манчестер Јунајтед ќе направи нов обид да го привлече дефанзивецот на Тотенхем, Тоби
Алдервеирелд, пишува „Sun“. Овој пат, на „Црвените ѓаволи“ нема да треба да преговараат со
„петлите“ за трансфер сумата на играчот.

Во јануари, лондонскиот тим ја активираше клаузулата во договорот на Белгиецот, кој го продолжи
договорот до летото 2020 година. Ова се случи откако двете страни не се разбраа за нов
долгорочен договор. Сега, сепак, постои клаузула со која може да се раскине договорот со понуда
од 25 милиони фунти, која влегува во сила од почетокот на ова лето.
Манчестер Јунајтед има силна желба да ја зајакне својата одбрана и Алдервеирелд е на врвот на
листата. 30-годишниот дефанзивец не е дел од новата политика на клубот за земање млади и
ветувачки фудбалери, но наскоро тој ќе стане важен дел од тимот.