Манчестер Јунајтед сака да го привлече во составот во текот на летото францускиот репрезентативец Рафаел Варан од Реал Мадрид, тврди „Дејли Мирор“.
Од „Олд Трафорд“ се подготвени да платат 40 милиони фунти за правата на 24-годишниот централен дефанзивец.
Самиот Варан призна дека контактирал со претставници на англискиот клуб.
Французинот има договор со Реал до јуни 2022 година, а во оваа сезона одигра 33 натпревари во сите натпреварувања.
Според информации, Шпанците се подготвени да го продадат Варан по крајот на сезоната, но не за помалку од 50 милиони фунти.