Комеморации се одржаа во Манчестер, Минхен и Белград по повод 60-годишнината од трагедијата во Минхен, во која загинаа 23 лица, вклучувајќи и осум играчи од Манчестер Јунајтед. Поранешниот менаџер на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, актуелниот Жозе Мурињо и капитенот Мајкл Карик оддадоа почит на жртвите во авионската несреќа и положија венци пред споменикот на „Олд Трафорд“.
Комеморација беше исто така одржана во Минхен, каде жртвите беа почестени со минута молчење. Од Јунајтед соопштија дека во Белград исто имало комеморативен настан, каде тим од Академијата на клубот одиграл натпревар од Младинската лига на УЕФА.
A poignant day at Old Trafford. #FlowersOfManchester pic.twitter.com/BoyL6IuF3O
— Manchester United (@ManUtd) February 6, 2018
6 февруари 1958 година е најтрагичниот ден во историјата на Манчестер Јунајтед. Чартер, кој го превезувал составот на „црвените ѓаволи“ на враќање од српската престолнина Белград, слетува во Минхен за да наполни гориво, но при полетувањето се удира во ѕид, кој го опкружува аеродромот и паѓа. 23 од вкупно 43 патници загинуваат, а меѓу нив се и осум играчи на Јунајтед.