Јунајтед ја одби новата понуда за Шкотланѓанец

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Манчестер Јунајтед одби нова понуда за својот играч за врска Скот Мектомини, пренесуваат англиските медиуми.

Минатата година „црвените ѓаволи“ одбија понуда од Вест Хем од околу 30 милиони фунти, а сега одбија една од Фулам која беше помала.

Работата е во тоа што Шкотланѓанецот е веќе во последната година од договорот, што значи дека неговата цена во моментов не е толку висока. Ако клубот му го продолжи договорот за уште една сезона, тогаш ќе биде поинаку.

Минатата кампања, иако често доаѓаше од клупата, Мектомини постигна одлични 10 гола и покажа дека може да биде клучна фигура.

Од Јунајтед веројатно се надеваат дека можат да добијат подобри пари од Галатасарај, кој веќе преговара за играчот, но се уште не е јасно дали ќе се постигне договор.

Сепак, чувството е дека од „Олд Трафорд“ претпочитаат да се разделат со играчот од средниот ред, како што тоа ќе го направи со Мејсон Гринвуд кој се пресели во Марсеј и Арон Ван-Бисака, кој најверојатно ќе биде продаден за околу 15 милиони на Вест Хем.

Слични содржини