Јунајтед ја подигна понудата за Брантвејт

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Манчестер Јунајтед испрати нова понуда за дефанзивецот на Евертон, Џеред Брантвејт, кој е еден од приоритетите на клубот за новата сезона.

„Скај Спортс“ објави дека овој пат „црвените ѓаволи“ понудиле 45 милиони фунти и дополнителни 5 милиони фунти во бонуси. Нивната прва понуда беше околу 35 мил.

Но, се очекува и Евертон да ја одбие новата понуда, бидејќи го оценува играчот многу повисоко и го смета за клучна фигура во својот состав.

Фудбалерот минатата сезона во Премиер лигата настапи на 35 натпревари, што му донесе и место во прелиминарниот тим на Англија за Европското првенство.

Јунајтед веќе се раздели со Рафаел Варан, со дефанзивни засилувања од големо значење за Ерик тен Хаг, чиј тим се мачеше во тој поглед минатата сезона.

Слични содржини