Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата околу централниот дефанзивец на Баерн (Минхен), Матијас Де Лихт, тврди Флоријан Плетенберг.
„Црвените ѓаволи“ секако треба да привлечат замена за Рафаел Варан, а изминативе денови се пишуваше дека Баварците се подготвени да го продадат Холанѓанецот за соодветна понуда.
Баерн е пред ангажирање на Хироки Ито од Штутгарт, а ќе се обиде и да го финализира трансферот на Јонатан Та од Баер Леверкузен. Тоа значи дека барем еден од актуелните централни бекови ќе биде продаден.
Де Лихт е најконвертибилен меѓу нив, а има и најголема плата, па е прв на трансфер листата.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг многу добро го познава Де Лихт, откако соработуваше со него во Ајакс, а и клубот е заинтересиран да го ангажира 24-годишниот холандски репрезентативец.