Англиските медиуми известуваат дека Манчестер Јунајтед ја зголемил понудата за Џејдон Санчо, и иако тоа сè уште не е бројката што ја бара Борусија Дортмунд, по новиот „напад“ на крилниот напаѓач никој не се сомнева дека тој ќе се најде на „Олд Трафорд“ до крајот на преодниот рок. Откако ја одбија првата понуда на „црвените ѓаволи“, Борусија јасно рече дека тие бараат точно 95 милиони евра за нивниот фудбалер.
Јунајтед сега ја зголеми понудата на 85 милиони, и иако недостасуваат уште десет милиони во „точната“ сума, извори блиски до „Олд Трафорд“ уверуваат дека клубот е решен да ја донесе зделката до успешна завршница. Како што е соопштено, Дортмунд има џентлменски договор со фудбалерот дека ќе му биде дозволено да го напушти ова лето доколку Борусија ја добие посакуваната сума на трансфер.
Санчо дојде во Дортмунд од Манчестер Сити како супер талентиран тинејџер. Иако не играше за првиот тим на „граѓаните“ во Премиер лигата, неговиот трансфер во август 2017 година изнесуваше дури 10 милиони фунти, со надоместоци.
Во меѓувреме, во текот на три сезони, на 137 натпревари во „жолто-црниот“ дрес, тој постигна 50 гола и имаше уште 59 асистенции. За Англија одигра 20 натпревари и постигна три гола.