219
Сериозен интерес за услугите на невработениот Антонио Конте. Дури три големи клубови се заинтересирани за италијанскиот стручњак и ќе се обидат да го убедат да потпише со нив на лето.
Според медиумите во Италија, Манчестер Јунајтед и италијанските Јувентус и Наполи го сакаат познатиот стручњак за ментор во новата сезона.
Поранешниот тренер на Тотенхем и Интер е без работа од март 2023 година, кога најави дека ќе паузира кратко. Тој беше баран од Наполи по отпуштањето на Руди Гарсија, но тогаш Конте одби да преговара.