45
Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди на ПСЖ 100 милиони евра за 21-годишниот Холанѓанец Чави Симонс, пренесе Sport.es.
Оваа понуда е за 30 милиони евра поголема од она што Баерн Минхен го нуди за играчот.
Сепак, парискиот гигант има намера да го испрати Симонс на позајмица во Лајпциг, каде што ќе игра во сезоната 2023/24.
Холанѓанецот се пресели во ПСЖ во летото 2019 година, а неговиот договор со Парижаните е до 2027 година.
Минатата сезона беше во Лајпциг каде на 43 натпревари постигна 10 голови и 15 асистенции.