Проблемот со голманската позиција во Манчестер Јунајтед е отворена рана оваа сезона. „Црвените ѓаволи“ моментално ги имаат Андре Онана и Алтај Бајандир, кој дури и започна како стартер во првиот натпревар на тимот во Премиер лигата против Арсенал. Тој не се прослави, но беше главниот виновник за единствениот гол примен на Манчестер во тој натпревар, што го реши прашањето за победникот.
Затоа Јунајтед почна да бара нов голман, и се чини дека го пронашле. Тоа е Сент Ламенс, кој игра за Антверпен.
Според Фабрицио Романо, „црвените ѓаволи“ постигнале договор со белгискиот голман за лични услови и сега започнале преговори со клубот од Антверпен за финализирање на трансферот.
23-годишниот голман игра за Антверпен од летото 2023 година, кога клубот го потпиша од Клуб Бриж. Оттогаш, Белгиецот има одиграно 64 натпревари, при што дванаесет пати задржа неприкосновен гол во сите натпреварувања. Тој играл и за Дендер.