Јунајтед најде замена за Роналдо во Франција?

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Кристијано Роналдо е на излезната врата од „Олд Трафорд“. Иако менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг изјави дека смета на Португалецот, сепак впечатокот е дека искусниот Португалец не е многу популарен кај Холанѓанецот, a и Роналдо не е задоволен од плановите на Јунајтед.

Претходните денови како наследник на Кристијано се споменуваше младиот центарфор на Лајпциг, Брајан Броби, кој работеше со Тен Хаг во Ајакс. Се чини дека Броби е „тенка“ опција за прв напаѓач на „црвените ѓаволи“, а втората желба на новиот менаџер се чини дека не е многу подобар избор.

Според медиумите во Франција, напаѓачот на Лион, Муса Дембеле би можел да го замени легендарниот Роналдо на „Олд Трафорд“.

Францускиот напаѓач има 25 години, минатата сезона постигна 21 гол на 30 првенствени натпревари, а договорот со Лион му истекува следната година.

Пореално звучи дека Броби или Дембеле ќе го заменат Единсон Кавани, кој го напушти Јунајтед, и дека на крајот за Роналдо, Тен Хаг ќе мора да бара замена на друго место.