Јунајтед не го пушта Блинд во Рома

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед ќе ги блокира сите обиди на Рома да го привлече дефанзивецот Дејли Блинд до крајот на трансфер прозорецот, изјави таткото на фудбалерот и неговиот агент – Дени.

Рома го сакаше 27-годишниот Дејли Блинд за заменик на Емерсон Палмиери, кој потпиша со Челзи, а самиот Блинд беше согласен да ја продолжи кариерата во Серија А, но од Јунајтед не се подготвени да се разделат со него.

„Времето истекува, бидејќи денес е последниот ден на трансфер прозорецот. Да, можам да потврдам дека Рома го сакаше, но Манчестер Јунајтед не планира да го дава под наем никаде. Во моментов никој во Јунајтед не сака да го продаде, но се подготвени да го направат тоа во текот на летото. Од Рома даваат добри пари, но трансферот е доста тежок“, вели Дени Блинд.

„Манчестер Јунајтед сака да направи пробив во Лигата на шампионите, ФА Купот на Англија и првенството, така што на Жозе Мурињо има потреба од многу широк избор“, додаде Блинд.

Слични содржини