Англискиот фудбалски клуб, Манчестер Јунајтед нема намера да се раздели со играчот од средниот ред Скот Мектомини и покрај интересот од други тимови. Ова го изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг, цитиран од Sky Sports.
Мектомини, за кој интерес пројавуваат Галатасарај, Тотенхем и Фулам, постигна десет гола минатата сезона. Тој има договор со Јунајтед до летото 2025 година.
„Имаме многу добри играчи и нормално е дека за нив има интерес од други клубови“, изјави Тен Хаг во врска со иднината на Мектомини во тимот.
„Нормално е кога постигнувате десет гола и играте толку напорно за шкотската репрезентација. Но, ние сакаме да го задржиме бидејќи тој е важен дел од нашиот тим. Скот е целосно способен да игра во понапаѓачка улога и видовме доказ за тоа во минатата сезона“, додаде Холанѓанецот.