Јунајтед нуди 69 милиони евра за Вилијан

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Вилијан може кариерата да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, објавија англиските медиуми.

Раководството на тимот од „Олд Трафорд“ е подготвено да плати 69 милиони евра за 29-годишниот Бразилец.

Договорот на Вилијан со Челзи истекува на крајот на летото 2020 година.

Минатата сезона, тој одигра 55 натпревари за „сините“ од Лондон и постигна 13 гола, а запиша и девет асистенции.