Јунајтед подготвен да го донесе Кејн

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед, Американецот Џоел Глејзер веќе некое време е несакано лице во клубот. Навивачите бараат негово заминување не само поради неговата вклученост во проектот „Суперлига“, туку и поради начинот на кој тој и неговото семејство го водат клубот.

Последното барање за заминување беше јасно видено викендот пред натпреварот помеѓу Јунајтед и Ливерпул, кој не се одржа поради упад на лутите навивачи на Јунајтед на „Олд Трафорд“, поради што играчите не беа во можност да дојдат на стадионот. Само неколку дена пред тоа, американското знаме беше запалено пред стадионот.

Англиските медиуми сега пишуваат дека семејството Глејзер ќе се обиде да ги задоволи навивачите со звучен трансфер, односно дека клубот е подготвен да испрати понуда до Тотенхем во износ од 105 милиони евра со цел да го донесе Хари Кејн во своите редови.

Напаѓачот на англиската репрезентација и водечки стрелец на англискиот шампионат постигна вкупно 31 гол на 45 одиграни натпревари оваа сезона, а има и 16 асистенции. Само во Премиер лигата, тој постигна 21 гол и асистираше за 13 на 31 натпревар.

Со вкупно 219 голови, Кејн е втор најдобар стрелец во историјата на Тотенхем. Само Џими Гривс постигна повеќе од него, постигнувајќи 266 погодоци за клубот од 1961 до 1970 година.

Слични содржини