Јунајтед потврди: Кавани останува на „Олд Трафорд“ уште една година

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, па тој ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“ и следната сезона, потврди клубот во понеделникот.

Постигнат е договор меѓу двете страни и искусниот напаѓач ќе остане на „Олд Трафорд“ до јуни 2022 година.

На тој начин се оствари желбата на менаџерот Оле Гунар Солшер, кој повеќепати јавно изјавуваше дека би сакал Уругваецот да остане.

„Во текот на сезоната, имам голема љубов кон клубот и сè што тој претставува. Чувствувам длабока врска со моите соиграчи и стручниот штаб. Сите ми даваат мотивација секој ден и знам дека заедно можеме да постигнеме нешто посебно“, рече Кавани.

„Од првиот момент ја почувствував довербата на менаџерот. Тоа ме мотивираше да го играм мојот најдобар фудбал и сакам да му се заблагодарам за тоа. Ме трогна колку навивачите сакаа да останам и ќе дадам се од себе за да им донесам среќа. Сè уште немав шанса да играм пред навивачите на „Олд Трафорд“ и се радувам на тоа“.

Уругваецот оваа сезона одигра 35 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола со 5 асистенции.

Слични содржини