Јунајтед прави чистка: Тројца играчи пречкртани

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Во новата сезона мака мачи и Манчестер Јунајтед. Ерик Тен Хаг се уште нема дефиниран стартен состав, а сега реши да не ја продолжи соработката со тројца играчи по крајот на договорот.

Кристијан Ериксен, Џони Еванс и Виктор Линделоф ќе го напуштат „Олд Трафорд“ откако ќе им истечат актуелните договори со „црвените ѓаволи“.

Ериксен доживеа животна и кариерна трансформација во Манчестер Јунајтед. Тој повторно дојде на големата сцена во 2022 година со преселба во еден од двата најтрофејни клуба во Англија, но сепак не беше на задоволително ниво. Одигра доста слабо и Тен Хаг се уште не сака да ја продолжи соработката со данскиот играч.

Од Манчестер Јунајтед си заминуваат и двајца дефанзивци. „Старецот“ Џони Еванс сепак ќе го напушти клубот на крајот од тековната сезона. Еванс е дете на Манчестер Јунајтед и мина низа години во редовите на „црвените ѓаволи“. Имаше одредена минутажа поради повреди на други стопери, но на Јунајтед му требаат повеќе квалитетни засилувања.

Од истата причина клубот го напушта и Виктор Линделоф. Швеѓанецот дојде од Бенфика во 2017 година и по седум години во Манчестер ќе го напушти клубот.

„Црвените ѓаволи“ веќе планираат нови засилувања на позицијата стопер, а наскоро ќе се врати и повредениот Лени Жоро.

Слични содржини