Манчестер Јунајтед има интерес за дефанзивецот на Спортинг (Лисабон) Гонзало Инасио. 20-годишниот фудбалер одигра многу силна сезона за „лисабонските лавови“ и тоа го привлече вниманието на „црвените ѓаволи“ кои сакаат да го однесат на „Олд Трафорд“. Новиот менаџер, Ерик тен Хаг го одобрил играчот и шефовите веќе започнале преговори за негово привлекување, тврди „А Бола“.
Двата клуба веќе направија првични разговори за можноста да го направат овој трансфер. Инасио има откупна клаузула во договорот вредна 45 милиони евра. Сепак, Јунајтед не сака да го плати одеднаш, туку ќе се обиде да постигне договор за трансфер на сумата на неколку рати.
Инасио е дете на Спортинг, а од 2020 година вежба во првиот тим на клубот. Досега има 66 натпревари и 7 гола за гигантот од Лисабон. Централниот дефанзивец ги помина сите младински репрезентации на Португалија. Тој важи за еден од најперспективните млади играчи во земјата.