Јунајтед продолжува да импресионира на почетокот на ерата на Тен Хаг

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Манчестер Јунајтед оствари нова победа во претсезоната и со 3:1 славеше над Кристал Палас.

За „црвените ѓаволи“ тоа беше трет последователен успех летово, откако веќе ги победија Ливерпул (4:0) и Мелбурн Виктори (4:1).

Головите на денешната средба беа дело на Ентони Марсијал (18′), кој одигра уште еден силен меч во продолжено отсуство на Кристијано Роналдо, Маркус Рашфорд (48′) и Џејден Санчо (59′), а Џоел Вард (74′) бепе прецизен за „лондончани“. 20-кратните шампиони завршија со намален состав откако Вил Фиш беше исклучен со директен црвен картон на пет минути пред крајот на регуларното време.

Следната контрола на „црвените ѓаволи“ ќе биде во сабота против уште еден противник од Премиер лигата во лицето на Астон Вила.

Од своја страна, лондончани ќе се соочат со Лидс во петок повторно во Австралија.

Слични содржини