Андре Онана ја заврши кариерата во Манчестер Јунајтед во Лион. Грешките што ги прави и головите што ги прима ги принудија навивачите на „црвените ѓаволи“ да се шегуваат на негова сметка со „слики од Салах и Онана и текстот „Јунајтед уништувачи“, а клубот да одлучи да го продаде на лето.
Кому и за кои пари да го продаде Онана е главното прашање на „Олд Трафорд“. Во него вложија 50,2 милиони евра во летото 2023 година и по навистина лошите настапи оваа сезона, неговата пазарна цена драстично падна.
Камерунецот падна во голема криза и има потреба од промени. Пред една година клубот можеше да го продаде во Саудиска Арабија, сега прашање е колку би биле спремни да понудат богатите клубови од Истокот. Онана оваа сезона прими 56 гола на 43 натпревари, од кои 41 во Премиер лигата, давејќи се во мракот на Јунајтед.
Доколку по некоја случајност „воскресне“ до крајот на сезоната, можеби Јунајтед може да смета на тоа дека ќе може да врати околу 25 милиони евра.