Јунајтед сака да потпише со „новиот Мегваер“

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Дефанзивецот на Евертон, Џерад Брантвејт е трансфер цел на ривалите од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, пренесe Sky Sports. Сепак, според информациите тој не е меѓу главните мети на „црвените ѓаволи“, а причина за тоа е неговата цена.

Евертон го ангажираше Брантвејт од Карлајл во 2020 година, при што „карамелите“ платија само 1,1 милион евра за неговите права. Цената на централниот бек многукратно се зголеми во изминатите четири години и Евертон сега ќе бара најмалку 90 милиони евра во заминување, предвидува Sky Sports.

Брантвејт (21) е централен дефанзивец. Тој допрва треба да дебитира за репрезентацијата на Англија, но има 48 натпревари за Евертон. Тој забележа и 36 настапи за ПСВ Ајндховен, каде што беше отстапен минатата сезона.

Слични содржини