Манчестер Јунајтед се надева дека ќе добие вкупно околу 30 милиони фунти за Ентони Марсијал и Ерик Баји, кои не се вклучени на сметките на новиот менаџер Ерик Тен Хаг. Ова е повеќе од двојно помалку од сумата што клубот ја потрошил при привлекувањето на дотичните играчи.
За Французинот во 2015 година потрошија 38,5 милиони фунти, а со сите бонуси неговиот трансфер би можел да достигне 60 милиони. Напаѓачот, кој последен пат играше на позајмица во Севиља, има двегодишен договор со клубот. Сепак, Олд Трафорд сакаат да се ослободат од неговата висока плата која е 240.000 фунти неделно.
Проблемот е што засега нема сериозни понуди за него и од понеделник ќе почне да тренира со Манчестер Јунајтед.
Марсијал досега за Јунајтед постигна 79 гола на 269 натпревари.
Ерик Баји беше платен 30 милиони фунти од Виљареал во 2016 година. Сега клубот е подготвен да се раздели со него за само 8,5 милиони. 30-годишниот дефанзивец, кој има договор на две сезони, одигра само шест натпревари во Премиер лигата во последните три сезони.