120
Маркус Рашфорд ќе седне на маса со раководството на Манчестер Јунајтед и поконкретно со новиот спортски директор на „црвените ѓаволи“ Ден Ешворт, пренесува Daily Mirror.
Според изданието, клубот е подготвен да ги слуша понудите за „поголемиот дел од тимот“, вклучувајќи го и Рашфорд, и иако Манчестер претпочита да го задржи производот на школата, тие се „отворени“ за можноста да се разделат со него.
Во меѓувреме, се појавија информации дека централниот бек на Баерн Минхен, Матијас де Лихт е заинтересиран за преселба на „Олд Трафорд“. Јунајтед може да ги стекне неговите услуги за нешто повеќе од 40 милиони фунти.