Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа тимот на Манчестер Сити со 2-0 (1-0) како гостин на „Етихад“ во градското дерби.
Головите вредни три бода ги реализираа Фернандеш од пенал на почетокот на првото, и Шо на почетокот на второто полувреме.
Уште еднаш, Оле Гунар Солскјер се покажа незгоден за Пеп Гвардиола, па Јунајтед, како и минатата сезона, зема бодови на гостувањето кај соседите.
Што е најважно, ова беше нивна прва победа во натпревари со клубови од „првите шест“ оваа сезона и ги врати на второто место на табелата во Премиерлигата пред Лестер.
Беше јасно уште пред натпреварот дека ќе мора да заврши нечија серија – страшната, на Сити, кој имаше 21 победа по ред, или гостинската на тимот на Јунајтед.
Се покажа дека на Сити запре, а дека Јунајтед ја продолжи неверојатната серија на гости во Премиер лигата, откако ова беше нивен 22-ри меч по ред без пораз.